И Рама верува во обединување меѓу Албанија и Косово

by Фокус

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска изјави дека верува во обединување на Албанија со Косово. Тој истакна дека за тоа би гласал на референдум, но воедно додаде дека не знае кога тоа ќе се случи.

-Ако ме прашате хипотетички за мирен референдум за национално единство, јас би го прекршил законот за тајност на гласањето, отворено велам, би гласал „за“. Во случај да прашате дали тоа ќе се случи или не, бидејќи ме провоцирате, ќе се случи, кога не знам, но ќе се случи еден ден – рече Рама на заедничката конференција со косовскиот премиер Албин Курти.

Неодамна, и Курти изјави дека во иднина би гласал за обединување со Албанија под услов референдумот да се спроведе мирно и демократски.

Курти би гласал за обединување на Албанија

Поврзани новости