Откако јавноста дозна дека во повеќето министерства, функционерите јаделе и пиеле на државна сметка, односно се гоштевале со луксузни јадења и прескапи вина, кои не можат да се најдат на трпезата на обичниот граѓанин, и од МВР брифираат дека и тука раководството се луксузирало со средствата кои им следувале за репрезентација.
Шкампи, јастог, ексклузивни и ретки вина. Ова било вообичаеното секојдневно мени на поранешното раковдство на МВР.
Па така, според информациите од МВР, од 2011 до 2016 година УБК за репрезантации потошило над 34 милиони денари, БЈБ речиси 29 милиони денари, а Администрацијата, под која спаѓа и кабинетот на министерот, потрошила 15,7 милиони денари. Од податоците кои ги добивме може да се забележи дека случајно или не најмногу се јадело и пиело на државна сметка во изборните години, односно во 2011 и 2014 година. Па така, УБК во овие две изборни години направило фактури на осум милиони денари, а во останатите години од четири до шест милиони денари. најмалку пари за репрезентација Управата за безбедност и контраразузнавање потрошила во текот на минатата година и тоа два милиони денари.
Покрај неограничениот лимит за репрезентац, кои им следуваат на министерот, директорите на БЈБ и УБК, замениците министри, шефот на кабинет и државниот секретар, дел од нив имале и службени картички кои исто така ги користеле за „гоштевања од службена потреба“.
Па така во периодот од 2008 до разрешувањето, Сашо Мијалков како директор на УБК направил цек од 1.1 милиони денари на неговата службена картичка. Шефот на кабинет, Тони Трајковски, пак од службената картичка потрошил 2.3 милиони денари, аминистерката Гордана јанкулоска над 1,3 милиони денари. Директорот на БЈБ, Љупчо Тодоровски од 2008 до 2013 година од службената картица потрошил 617.100 денари, а неговиот наследник Митко Чавков од 2013 до 2017 година потрошил 1,3 милиони денари.
Од МВР брифираат дека овие раководни функционери имаат право на репрезентација, но според податоците со кои располагаат може да се каже дека постојат одредени индиции за злоупотреба. Сепак, напомнуваат дека тоа допрва треба да се истражува.