Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ потврди денеска дека се наоѓа во самоизолација по неговото враќање од посетата на Канада.
Комшиќ во Канада оствари средба со тамошниот премиер Џастин Трудо, кој се одлучи на истата постапка додека не се утврди дали е заразен од коронавирусот. Тие се сретнаа вчера во Отава, а денеска е објавено дека Трудо и неговата сопруга се во самоизолација поради благите симптоми кои се појавиле кај неа, но засега не е потврдено дали таа е заразена со Ковид-19.
– Денеска се вративме од пат. Доколку биде потребно ќе ги направиме сите можни испитувања и ќе постапиме според препораките кои се издадени од надлежните институции. Ќе бидеме во самоизолација додека не ги направиме тестирањата, изјавил Комшиќ.