56
Претседателката на ДОМ – Маја Морачанин на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од функцијата во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.
„Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ“, напиша Морачанин.
Таа е уверена е дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија.
Им честиташе на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ.