479
Во денешните прислушувани разговори кои ги објави СДСМ, беше и телефонскиот разговор меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Премиерот му вели на министерот од Агенцијата за елсктронски комуникации (АЕК) да се префрлат пола милион евра за изработка на документарци.
-Нека ги префрлат парите повикувајќи се на општествена одговорност, а нека наведат дека се за документарецот „За македонската борба за слобода и независност“, вели премиерот Груевски.
Министерот, пак, ја прима наредбата и вели дека ќе пренесе.