Екс пратеникот од партијата Алтернатива кој сега делува како независен во Собранието, Скендер Реџепи Зејд, ќе формира политичка партија.
Тој во гостување на тв21 изјави дека тоа доаѓа како резултат на незадоволството во Алтернатива каде што не дале можност за промена во партијата, како и дека не се гледа себеси како дел од некоја друга партија која во моментов е активна.
„Сме виделе и во отчетот и средбите со граѓаните, дека имаме поддршка од граѓаните за политичкиот пат што го градам. Бидејќи не се гледам себеси кај ниту еден политички субјект, бидејќи верував дека во Алтернатива треба да работам, бидејќи моето излегување потврди дека промената мора да се направи, но кога видов дека тоа не може да се случи, така што веројатно ќе почнам ново политичко патување заедно со структурите што ги имаме. Ќе им подадам рака за соработка на тие што излегоа од ААА (Алтернатива и Алијанса за Албанците), заедно да почнеме ново политичко патување“ – вели Реџепи.
Тој ја напушти Алтернатива во јуни минатата година и третиот пратеник од албанскиот политички блок кој реши да формира нова партија.
На 12 овој месец поранешниот заменик-претседател на Беса, Аријанит Хоџа, ја формира Европската демократска партија, а еден ден подоцна Изет Меџити, кој беше дел од „огнената група“ во ДУИ, ја промовира партијата Демократско движење.