И понатаму многу топло – но следните денови услови за локално НЕВРЕМЕ и нестабилно

by Fokus

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во планинските предели не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува коефициент некаде од 9 до 10.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 36 степени.

Потоа од утре во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите на воздухот и понатаму нема многу да се менувааат, што значи ќе останеме под топлиот Африкански воздух.

Мал пад на температурите на воздухот се очекува за време на викендот, тогаш на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а ќе има услови и за локално НЕВРЕМЕ.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости