Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста за локална појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Ви Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно додека од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд , грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста за појава на град. Максималната температура ќе се искачи до околу 27 степени.
Потоа утре сеуште ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста за појава на град. Потоа во следните денови условите за нестабилност ќе бидат нешто помали.
Подготви: Славчо Поповски