2
Меѓу загинатите во синоќешната трагедија во дискотеката во Кочани е и еден полицаец, кој бил работно ангажиран.
-Починати се 59 лица, а 39 се идентификувани. Животот го загубил и полициски службеник, од Пробиштип, кој постапувал при претходно изготвен план за контрола објекти, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.