И покрај препораките, верниците во Куманово на петочна молитва

by Fokus

И покрај препораките да нема верски собири или пак групирање на повеќе од четворица граѓани сепак според овие фотографии и јавната објава на Фејсбук, се забележува дека во една кумановска џамија не се почитуваат мерките.

Некои од верниците се без маски и не се на соодветно растојание.

-Денес, на првиот петок од месецот Рамазан, нашата џамија ја посети Реисул Улема од БФИ во РМВ проф.хфз.Шаќир еф.Фетаху придружуван од муфтијата од Куманово х.Абедин еф.Имери и муфтискиот офицер х.Садула еф .Абдулау. Семоќниот Аллах нека го награди Реисул Улема за неговата посета и нека му подари многу успеси во најдобро можно раководство на највисоката исламска верска институција во нашата земја. Амин!, стои во објавата на Фејсбук

Sot, në Xhumanë e parë të Muajit Ramazan, Xhaminë tonë e vizitoi Reisul Ulema i BFI-së në RMV prof.hfz.Shaqir ef.Fetahu…

Posted by Eljasa Mahmudi on Friday, 16 April 2021

С.Т.

Поврзани новости