460
И покрај полициските акции и контроли, во Тетово се уште може да се забележат како луѓе слободно продаваат петарди и останати пиротехнички средства, пренесува „Телма“.
Од СВР Тетово информираат дека деновиве се запленуваат по неколку илјади петарди, а најавуваат дека акциите ќе продолжат и во текот на наредните денови.
Досега во тетовскиот регион се запленети над 10 илјади петарди и друга пиротехника.