Студентите кои повеќе од два месеци блокираат околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во 10 часот почнаа 24-часовна блокада на Автокоманда – еден од најважните патишта во Белград.
Блокадата на Автокоманда следи по генералниот штрајк што се одржа во петокот во Србија. Во протестните прошетки учествуваа студенти и други граѓани. На штрајкот се приклучија и медиумите, бројни синдикати, наставници, професори, лекари, адвокати, средношколци, земјоделци…
Студенти, ученици и граѓани се сретнаа напладне и се поврзаа на договорените дестинации во многу градови низ Србија. Во штрајкот учествуваа и кина, книжарници, издавачки куќи, угостители, ноќни клубови…
Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на парламентот Ана Брнабиќ попладнево се обратија пред јавноста „за актуелната состојба во земјата“.
Вучиќ не сакаше да одговори на прашањето за разузнавачките служби. Тој вели дека на студентите ќе им биде тешко да го прифатат разговорот и дека „тие 18, можеби и 19 проценти од луѓето“ ќе им тежат, дека нема да бидат сигурни кој е во право.
„Замислете да ги прашувате децата дали сакаат да одат на училиште. Секако дека децата ќе речат дека не сакаат да одат на училиште. Ни јас не сакав да одам на училиште, а бев меѓу најдобрите. едноставна ситуација, но луѓето во Србија не се слепи“, рече тој.
Да ги оставиме настрана флоскулите „полагаме испит на животот“, рече Вучиќ и додаде дека се повеќе ученици сакаат да се вратат на училиште.