475
Повозрасна жена (69) вчера била силувана во нејзината куќа во Бачка Паланка, од страна на нејзиниот 23-годишен сосед.
„Телеграф“ пишува дека жената излегла од куќата во дворот за да оди во тоалетот кој бил во дворот, па осомничениот дошол преку улица и од неа побарал запалката.
Жената се вратила во куќата да најде запалка и да му позајми, но тој тргнал по неа, влегол во куќата, ја малтретирал и подоцна ја силувал.
Жената не го пријавила веднаш случајот, туку на соседот му кажала се, па решиле заедно да повикаат полиција и да го пријават случајот.
Полицијата реагирала, го уапсила младиот човек, кој е приведен и задржан 48 часа во полициска станица.
Следно ќе биде изведен пред обвинител.