И по јавниот линч врз него, тој продолжува со хуманост: Боки донесе насмевки на пет семејства!

by fokus

Меѓународниот сојуз за цивилно општество, чиј што претседател е активистот и шоумен Боки Јовановски, а кој од неодамна започна да функционира во земјава, денес им пружи конкретна помош на пет семејства кои се наоѓаат во незавидна ситуација.

Имено, членовите на семејствата денес имаа заеднички ручек со претставници на МСЦО во ресторанот Диор во Скопје, кој што ќе им обезбеди исхрана во текот на целата година, но и вработување на дел од нив.

Уште пред да започне со работа во МСЦО, чија цел е помагање на загрозени граѓани и еднакво општество за сите, Боки во повеќе наврати ја покажа својата хуманост и им излезе во пресрет на многу лица, со помош околу сместување, вработување, но и парични средства за лекување на тешки болести.

Секој негов хуман гест беше дочекан со воодушевување од јавноста, честитки и изразување на јавна благодарност и отворени пораки да имаме што повеќе хуманисти како него.

Сепак, голем дел од оние кои до вчера му аплаудираа, пред десеттина дена ја дочекаа на нож неговата одлука да се оствари како самохран родител и да посвои деца, за кои потенцираше дека нема никакви предрасуди околу нивната вероисповед, хендикеп или возраст.

По јавниот линч на кој што беше изложен, тој соопшти дека одлуката за родителство ја одложува за некои идни времиња, и вети дека ќе продолжи со добри дела.

,,Среќата на децата и нивните родители ми го направија овој ден посебен. Горд сум што им помагаме, што им ги намаливме грижите, оти секое дете заслужува безгрижно детство. Последно нешто со кое што едно дете треба да биде окупирано е тоа дали ќе има нешто на трпезата, дали неговите родители ќе можат да ги платат сметките, дали ќе биде исмејувано од врсниците поради облеката… Ветив дека ќе носам насмевки на детските лица, и се трудам тоа и да го остварам што е можно повеќе’’ – изјави Јовановски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости