„Од сон до сонце” е логото под кое ќе се одвива одбележувањето на големиот македонски државен празник 2 Август во кој се одбележува 70 годишнината од одржувањето на АСНОМ и 111 годишнината од Илинденското востание, најави денеска владиниот гласноговорник Александар Ѓеоргиев.
Меѓутоа и годинава никој од државниот врв нема да го посети манастирот Св. Прохор Пчински, кој денес се наоѓа на територијата на Србија, каде на 2. август 1944 година се оддржало првото заседание на АСНОМ.
На Пелинце каде што ќе се одбележи 70 годишнината на АСНОМ ќе говори премиерот Никола Груевски, претседателот на македонското собрание Трајко Велјановски ќе говори на централната манифестација во Крушево каде што ќе се одбележи 111 годишнината од Илинденското востание, а претседателот на Републиката Ѓорге Иванов ќе се обрати на централната прослава во Скопје.
Како и секоја година, Владата на Република Македонија ќе организира бесплатен автобуски превоз од целата територија на државата за оние граѓани кои имаат желба да присуствуваат на централните прослави во Пелинце и Крушево, а распоредот на автобусите, времето и локациите за нивно тргнување и враќање ќе бидат објавени во текот на следните денови.
Српската православна црква речиси една деценија не дозволува македонска делегација да положи цвеќе во манастирот кој се наоѓа на територијата на северниот сосед