Во финален стадиум е прогласувањето на Шар Планина за национален парк, а заштитени предели наскоро ќе станат и Осоговските Планини. Ова во интервју за МИА го вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
-За Шар Планина веќе сме во финален стадиум и за мене ова не е само од голема важност заради природата, туку и поради тоа што со соодветно планирање и управување може да креираме зелена економија, со што би се зајакнал локалниот, но и меѓународниот екотуризам.
На прашањето дали се планира да се заштитат и други предели, министерот вели:
-Да, во моментов сме во финален стадиум на прогласување и на Осоговските Планини за заштитено подрачје, ја завршуваме валоризацијата на Матка. Истовремено, работиме на репрогласување на националниот парк Маврово, вели министерот.