144
Уставниот судија Осман Кадриу не успеа да добие поддршка за претседател на Уставниот суд.
Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа.
Изминатите денови пропаднаа шест обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги.
Судот може да се соочи со блокада со оглед дека на Добрила Кацарска вчера и заврши мандатот, а деловникот не предвидува ниту заменик претседател, ниту вршител на должност.