И општина Тетово формираше кризен штаб за најавеното невреме

by fokus

Општина Тетово соопшти дека е оформен кризен штаб откако метереолозите најавија можности за невреме поради циклонот „Андреа“ како и дека се преземени превентивни мерки со цел да се делува превентивно.

Од таму информираат дека се ставени во целосна подготвеност сите мобилни тимови на Јавното комунално претријатие (ЈКП )Тетово и на Територијална противпожарна единица од Тетово (ТППЕ).

-Овие единици се веќе на терен и интензивно работат на чистење на каналите на територијата на целата општината со сите расположливи капацитети, механички и човечки. Вчера и денеска се исчистени одводните канали на кружниот тек кај Агрокалишта Блок 70, Улица К.Р Дрнц , Дреновец подвозник на патот кај село Фалише, како и на други локации идентификувани како критични точки. Пред еден месец, беше направено и чистење на речните корита во селата Порој и Голема Речица, соопштија од тетовската локална самоуправа.

Општината со апел до градежните компании да ги исклучат пумпите на градежните јами, а граѓаните да не ги паркираат своите возила во близина на одводните канали или шахтите, со цел да се обезбеди навремена интервенција на мобилните групи.

-Исто така, ги повикуваме граѓаните да не остануваат на отворен простор или под осамени дрвја, во случај на електрично празнење. Во овие 48 часа да избегнуваат непотребени излегувања, пеш или со нивните возила. Во случај на интензивни врнежи и поплави може да се јавите на телефонскиот број 193 (ТППЕ Тетово ) , и на 072 798 910 – Центар за информирање и координација во СВР Тетово, информираат од Општина Тетово.

И Секторот за внатрешни работи Тетово апелираше до жителите на градот за внимателност при оставање на возилата и движење во случај на невреме.

Поврзани новости