И официјално објавена меѓународна потерница за Љупчо Палевски-Палчо

by Fokus

И официјално е објавена меѓународна потерница за Љупчо Палевски Палчо кој е првоосомничен како организатор и реализатор на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Поради интерес на јавноста, од МВР попладнево соопштија дека „Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, ја информираме јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање“.

Од Министерството информираат и дека „во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник“.

„Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување“ стои во соопштението на МВР.

 

Поврзани новости