И објавил недолични фотографии на Инстаграм, зошто не сакала да биде во врска со него

by Fokus

Дечко ја уценувал својата бивша девојка дека ако не остане со него ќе објави нејзини фотографии со недолична и компромитирачка содржина, информираа од МВР.

Против 22-годишниот М.Џ. од  село Долна Бањица, гостиварско е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “уцена“. Во периодот од март 2017 година до април 2017 година, пријавениот уценувал 17-годишнa девојка од село Горна Бањица дека доколку не ја продолжи врската со него, ќе објавува нејзини фотографии со недолична и компромитирачка содржина.  Пријавениот испратил фотографии на нејзиното семејство и пријателите, а отворил и профил на „Инстаграм“ на нејзино име, каде што објавил неколку компромитирачки фотографии.

Поврзани новости