И „Њујорк Тајмс“ греши, нема да има средба Вучиќ – Трамп

by Fokus

Весникот „Њујорк Тајмс“ го поправи текстот за Србија и Косово и oбјави корекција на текстот дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се состане со претседателот Доналд Трамп во сабота, посочи специјалниот претставник на американскиот претседател за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, на Твитер.

– Не сум изненаден, затоа што тие го напишаа текстот, а не зборуваа со мене. Измислуваат, напиша Гренел.

Тој истакна дека „Њујорк Тајмс“ погрешно ја напишале неговата функција дури и во корекцијата на  текстот, нарекувајќи го американски претставник за Балканот.

Поврзани новости