И ние постоиме – лицата со попреченост во Струмица добиваат фитнес центар!

by fokus

Лицата со попреченост во Општина Струмица добиваат специјализиран фитнес центар, чие отворање ќе се случи на 23-ти јануари, во четврток.
Фитнес центарот од ваков вид е единствениот во Струмица, па и пошироко, а проектот е насловен ,,И ние постоиме”.

-Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Струмица, во партнерство со Здружение на граѓани за помош и поддршка на на лица со даунов синдром ВЕРА од Струмица, на ден 23.01.2020 година ќе има свечено отворање и пуштање во употреба на специјализираниот фитнес центар за лица со попреченост што се наоѓа на улица Младинска 179 во Струмица.

Центарот е единствен засега во нашата Општина па и пошироко, и се реализира како проект насловен И НИЕ ПОСТОИМЕ, преку RELOAD програмата (Регионална програма за локална демократија за Западен Балкан) која е финансирана од ЕУ, а спроведувана од УНДП, поддржан и од Општина Струмица.

Специјализираниот фитнес центар, опремен со справи прилагодени за корисниците е од особена важност за лицата со попреченост од нашата Општина. Отворањето ќе биде со почеток од 16 часот – информираат од здружението Вера.

Вики Клинчарова

Поврзани новости