Поп пејачката Калиопи Букле ќе одржи солистички концерт на плоштад во Црна Гора. Настанот ќе се случува во Бијело Поље во сабота, на 27-ми јули, со почеток од 21.30 часот.
Нејзиниот настап е во склоп на 17-то издание на фестивалот на тамбураши, кој се одржува од 25-ти до 27-ми јули, а тамошните медиуми ја најавуваат Калиопи како специјална музичка ѕвезда на општинската манифестација. Покровител на настанот е општина Бијело Поље, а Калиопи е една од ретките музички ѕвезди од земјава која настапува на општинска манифестација во регионот.
Во изминатите десеттина години, редовна практика на нашите општински манифестации е да се канат музички ѕвезди од соседството, кои настапуваат за доста високи хонорари. Во јавноста често пати може да се слушнат критики поради тоа што додека ние ги воздигаме и плаќаме странските музичари, нашите се запоставени и недоволно ценети кај нас, но и во регионот.
Покрај Калиопи, музичари кои можат да се пофалат со гостувања во Балканските земји се Влатко Стефановски и Кирил Џајковски.
Вики Клинчарова