855
Едноставно и јасно, тоа е погрешно, фановите нема да го прифатат, коментираше преку „Твитер“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на најавите за формирање затворена фудбалска Супер лига, јави дописничката на МИА од Атина.
– Можноста да се случи неочекуваното го прави фудбалот толку возбудлив. Предлогот на неколку имашливи европски клубови за формирање затворена лига целосно е спротивно на историјата и традицијата на спортот. Јасно и едноставно, тоа е погрешно. Фановите нема да го прифатат, напиша Мицотакис на „Твитер“.
Пред два дена, 12 клубови, од Италија, Англија и Шпанија, најавија формирање на ново фудбалско натпреварување, проект на којшто остро се спротивстави Европската фудбалска федерација (УЕФА).