684
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го испрати својот син во прво одделение. Тој на фејсбук објави фотографија.
-Првиот училишен ден на Антониј.
Синко ти ја посакувам целата среќа на Светот, да учиш и напорно да работиш за тоа што те чека во животот. Да научиш да се бориш и тогаш кога ќе паѓаш и само така да успеваш.
И до сите други родители многу успеси и среќа на нивните деца, напиша Мицкоски на фејсбук.