И Мијалков жали: Верувам дека САД ќе ја исправат одлуката

by fokus

И поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се јави со статус на Фејсбук откако беше ставен на црната листа на САД. Тој вели дека одлуката не е исправна и е базирана на дезинформации.

-Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправна.
Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.
Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија.
Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана, пишува Мијалков на Фејсбук.

За разлика од неговиот братучед, Никола Груевски, кој често објавува статуси на Фејсбук, Мијалков нема навика да го прави тоа. Последната објава му е од 2020 година, кога изрази сочувство за смртта на Амди Бајрам.

 

Поврзани новости