И Меси заразен со корона вирус

by Fokus

Еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси е меѓу четворицата новозаразени со корона вирус во редовите на францускиот гигант ПСЖ, објави попладнево клубот од Париз.

Позитивни на Ковид-19 се и соиграчите на аргентинската фудбалска ѕвезда, Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала.

– Сите четворица заразени фудбалери ги почитуваат здравствените протоколи, објави ПСЖ

Поврзани новости