И Македонското здружение на млади правници поднело тужба за загадувањето

by fokus

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) информира дека во месец јули 2019 година поради континуираното аерозагадување, поднеле тужба пред Граѓанскиот суд против Владата, Министерството за животна средина и Град Скопје за утврдување на повреда на правото на здрава животна средина, правото на здравје, право на приватност на личен и семеен живот и неповредливоста на домот и преземање на мерки.

Со тужбата се бара утврдување дека тужените ги повредиле правото на здравје, правото на здрава животна средина, право на приватност, на личниот, семејниот живот и правото на неповредливоста на домот затоа што од периодот од 2007 до 2018 година, не преземале неопходни мерки и активности согласно законските должности   за справување со аерозагадувањето и редуцирање на PM 10 честичките во амбиентиот воздух. Здружението побара да се утврди и дека од 2013 до 2018 не се преземени неопходни мерки за да не се надминат гранични вредности на PM 2.5 честичките.

Се тужбата исто така, се бара ревидирање на законските и подзаконските акти со цел постигнување на хармонизација на националната легислатива со директивата на ЕУ, односно овозможување на систем на непречена размена на податоци, воведување на казни на централно и локално ниво поради неусогласеност со целите и политиките за квалитет на воздух, да се обезбеди буџет за работењето на мерните страници и други мерки за подобрување на квалитетот на амбиентиот воздух.

 

Поврзани новости