И левицата и десницата прогласија победа откако излегоа првите излезни анкети од денешното гласање на парламентарните избори, на кои по 16 години не се кандидира досегашната канцеларка Ангела Меркел.
Сепак, поголема еуфорија владее кај досега инфериорната Социјалдемократската партија на Германија, чиј канцелар Ларс Клингбејл вечерва по затворањето на избирачките места изјави дека оваа партија има мандат да формира коалициска влада.
-СПД има мандат да формира влада. Сакаме Олаф Шолц да биде канцелар – истакна Клингбејл по објавувањето на првите излезни анкети, кои, според него, предност им даваат на социјалдемократите.
Кандидатот на ЦДУ/ЦСУ за иден германски канцелар, Армин Лашет, пак, вечерва изјави дека се води тесна борба во изборната ноќ, но порача дека унионистите сакаат да ја водат новата влада.
Тој рече дека ЦДУ/ЦСУ добила глас од своите избирачи Владата да биде преведена од таа партија.
-Затоа ќе сториме се за да формираме влада предводена од ЦДУ/ЦСУ, бидејќи на Германија и е потребна коалиција на иднината, која ќе ја модернизира земјата – нагласи Лашет.
Според првите прогнози по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) имаат освоено по 25 отсто од гласовите, а на трето место се Зелените со освоени 15 отсто.
Други анкети, пак, му. даваат мала предност на СДП од 2 проценти. Инаку, утврдувањето на официјалните конечни резултати почнува од утре и трае повеќе од две недели.