291
Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска поднесе оставка, соопшти претседателот на парламентот Руслан Стефанчук.
Стефанчук рече дека денеска го примил писмото за оставка на министерот за надворешни работи.
Претседателот на парламентот на Фејсбук објави и фотографија од писмото за оставка, пренесува Укринформ.
Вчера оставки поднесоа и тројца министри, како и шефот на Фондот за државна сопственост на Украина.