И Ковачевски се согласува дека некои случаи се одолговлекуваат, но вели дека тоа е прашање за судиите

by fokus

Писмото на американската амбасадорка Агелер е испратено секаде каде што е потребно. Владата обезбедува услови за функционирање на судовите, во делот на обезбедување на буџет, во делот на предлагање на законски решенија, кои подоцна ја унапредуваат судската пракса.

Нов кривичен законик, нови закони подготвени во ренумерација на судиите и обвинителите, но се блокирани во Собранието, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот се согласува дека одредени судски случаи се одолговлекуваат.

-Постапката оди со враќање кон пониски инстанци во повеќе наврати и тоа се прашања за судиите кои работат и за оние кои што управуваат со работата на судиите, додаде Ковачевски.

Американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер е загрижена и разочарана поради големиот број предмети, кои Апелацискиот суд ги враќа на повторно судење, стои во отвореното писмо испратено до судските и извршните органи.

Поврзани новости