Контра-протестите кои власта во изминатиов период во неколку наврати ги организираше, се најдоа на мета на критики од Европската Унија.
Европската комисија испрати јасна критика и предупредување дека во јули 2016 година, Мисијата на ОБСЕ за мониторинг на изборите забележала дека администрацијата била уценувана да излезе на контра-протестите.
Вработените во јавниот сектор добивале закани дека ќе го загубат работното место ако не излезат на маршовите организирани од власта. Освен тоа, заплашувани и уценивани биле и оние кои сакале да излезат на протестите на опозицијата, стои во извештајот на ЕК.
Инаку, Македонија денеска доби нова условена препорака за почнување на преговорите за членство во Европската унија. Новиот извештај на ЕУ, забележува дека Македонија стои во место или назадува во клучните критериуми за членство во Унијата. Во извештајот особено се потенцирани недостигот на независно судство, осптрукциите на СЈО и поларизираноста на медиумите.