Трендот фудбалските ѕвезди кариерата да ја продолжуваат во Саудиска Арабија продолжува.
Фудбалските клубови од Саудиска Арабија инвестираат многу големи пари во фудбал, а најново име кое се поврзува со Ал Ахли е играчот на Барселона, Франк Кеси.
Тој минатото лето пристигна во Барселона како слободен агент од Милан, ама не ги задоволи очекувањата на тренерот Чави, и главно е на клупата за резерви.
Инаку, уште еден Африканец – Калиду Кулибали пред неколку дена го напушти Челси и се пресели во Саудиска Арабија, во тимот на Ал-Хилал.
Сенегалецот во разговор со медиумите призна дека една од причините поради кои се преселил во С. Арабија се парите.
„Парите се важен фактор, нема сомнеж во тоа. Нема да лажам, овде ќе заработам добро и ќе му помогнам на моето семејство. Имам роднини кои живеат во лоши услови, па вака сакам да им обезбедам подобра иднина“, рече Кулибали.