552
Лидерот на БЕСА Биљал Касами оцени дека недобивањето на датум за почеток на преговори со Европската унија е неуспех на владата и воедно побара оставка од Владата и предвремени парламентарни избори.
-Иако оваа Влада дојде со многу ветувања, таа не остварува скоро ништо и ја испраќа земјата многу чекори назад. Од денес, земјата е во длабока криза, а надминувањето на оваа криза се решава со колективна оставка на оваа Влада и земјата што е можно поскоро да оди на предвремени парламентарни избори – рече Касами.