452
Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија на 17-ти јули ќе одржи референдум за припојување кон Русија.
„Анатолиј Бибилов (лидерот на отцепениот регион) потпиша указ за одржување референдум во Република Јужна Осетија“, се вели во соопштението на прес-службата на Бибилов.
Во соопштението се наведуваат „историските аспирации“ на неговиот народ да се приклучат кон Русија.
Приклучување кон Русија побараа и сепаратистичките региони на Украина, Доњецк и Луганск.
Грузија ја осуди руската воена инвазија на Украина.
Земјата ги нарече „неприфатливи“ плановите на Јужна Осетија за одржување референдум за приклучување кон Русија.
Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година.