„И јас собирам автички, бре!“: Трета колекционерска изложба на метални автомобилчиња во Куманово

by irena 23:11
23:11

За најголемиот дел од луѓето малите метални автомобилчиња се само играчки за деца, но за колекционерите од Die-Cast Club Куманово, тие се страст, хормон на среќа и сентименталност.

Колекционерите од Куманово по трет пат ќе организираат колекционерска средба на модели на автомобили, односно изложба насловена „ И ја собирам автички, бре!“. Настанот ќе се одржи на 20-ти септември ( сабота ) , со почеток од 12 до 18 часот, во паркот на Октомвриска револуција, помеѓу зградите К4 и К5.

„Ќе бидат претставени 10 (десет) колекционери на минијатурни автомобили – од размери како што се 1/64, 1/43 ,1/24 и 1/18. Гости на настанот ке бидат “Бушава азбука” и “Среќно детство” со креативни детски работилници.

За љубителите на уметноста и музиката, ќе бидат задолжени графити артисти од Здружението за ликовна уметност „Форма“ од Куманово, а воедно ќе бидат присутни и Q Rec- со изложба на винили, Дј Виктор, Пуца Череп, Никола НБК и 43ѕ .

Настанот е отворен за сите – родители, деца и љубители на автомобилчиња, музика и уметност. Ве очекува ден исполнет со дружење, радост, креативност и позитивна енергија“, истакнаа од Die-Cast клубот од Куманово.

На изложбата во Куманово ќе бидат изложени минијатурни метални колички од најразлични размери и со висок квалитет на изработка и модели на автомобили кои се појавиле во филмски класици како „Бетмен“, „Истерувачи на духови“, „Лудиот Макс“, „Враќање во иднината“, „Брзи и бесни“. Посетителите ќе имаат можност да видат и минијатури на автомобили кои одбележале важни светски, политички, воени и спортски настани, а може да се најдат и автомобили кои се возеле по македонските улици во периодот од 50-тите до 80-тите години на минатиот век.

Слични вести