238
На британската министерка за внатрешни работи Диана Џонсон и ја украле чантата додека била на состанок со припадници на полицијата на кој се разговарало за растечкиот проблем со кражбите.
Џонсон истакна дека Велика Британија „е зафатена од епидемија на асоцијално однесување, кражби и ограбување на продавници“.
Кражбата се случила пред два дена во Ворвикшир, централна Англија, а локалната полиција соопшти дека се истражува кражбата на чанта во хотелот каде се одржувала конференцијата.
Британското Министерство за внатрешни работи одби да го коментира случајот.