И Ирците ја прекинуваат вакцинацијата со АстраЗенека

by Fokus

Вакцинацијата со лекот на АстраЗенека треба привремено да се запре додека не се испитаат случаите на згрутчување на крвта, изјави денеска ирскиот заменик-началник за јавно здравје Ронан Глин.

– Оваа препорака е дадена по извештајот на Норвешката медицинска агенција за четири нови случаи на згрутчување на крвта кај возрасни по вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека, рече Глин, но додаде дека „сè уште не е заклучено дека постои поврзаност меѓу вакцината на АстраЗенека и овие случаи“.

– Како мерка на претпазливост и во очекување на нови информации, Националниот советодавен одбор за имунизација (НИАЦ) препорача привремен прекин на вакцинацијата со АстраЗенека во Ирска, соопшти Глин.

Норвешка престана да ја користи вакцината уште во четвртокот, по сличен потег на Данска и Австрија која истражува смртен случај поради нарушувања на коагулацијата и случај на белодробна емболија

Поврзани новости