На барање на Министерството за внатрешни работи Интерпол распиша меѓународна потерница за исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, по која се трага трет ден.
Вања исчезна во понеделникот наутро на пат кон училиште во скопската населба Дебар Маало.
-Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол. Истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето, соопшти МВР.
Оттаму апелираат да не се споделуваат дезинформации на социјалните мрежи и во медиумите кои ја попречуваат истрагата и го вознемируваат семејството на исчезнатото девојче.