И грчкиот шеф на дипломатијата не дојде во Скопје

by Fokus

Грчкиот шеф на дипломатијата Јоргос Герапетритис е последниот од листата на министри кои не дојдоа на состанокот на ОБСЕ во Скопје. Иако Грција  даде дозвола за прелет на авионот со кој долета рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, министерот не дојде под изговор дека бил „зафатен“.

Листа на министри кои присуствуваат  на состанокот на ОБСЕ се уште не е објавена, иако имаше такво барање од новинарите, така што тешко е да се каже дали со грчкиот шеф на дипломатијата завршува списокот на земји кои не се присутни на највисоко ниво во Скопје, покрај Украина, Полска, Естонија, Латвија и Литванија.

Министерот на  Луксембург, Хавиер Бетел, иако присутен на состанокот, во своето прво обраќање најави дека нема да биде присутен на состанокот кога ќе зборува рускиот министер. Практично сите говорници на министерскиот состанок досега ја критикуваа руската воена агресија врз Украина.

Поврзани новости