И Ѓорчев е против дополнителни бенефиции за пратениците: Ова е желба на власта

by fokus

Апсолутно сметам дека не треба да има никакви дополнителни привилегии за пратениците, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев. Според него, Македонија е земја каде што тешко се живее и која има многу поголеми проблеми за решавање. Прстот го вперува кон неговите колеги од спротивниот табор.

-Македонија е земја  каде што има многу проблеми. И како пратеници, како гарнитура имаме многу поважни прашања за решавање, има многу поголеми приоритети кои треба да бидат адресирани. Оваа тема излезе од  желбата на власта, пратениците од мнозинството сакаа да донесат закон за повеќе привилегии, па кога излеза во јавнсот сега ретерираат, с еменуваат ставови. Се работи за нивна идеја и сметам дека корективот и оправданоста на јавноста, дека нема потреба да нема дополнителни привилегии направи да се корегираат, вели Ѓорчев во изјава за ТВ 21.

Поврзани новости