И Филипче не знаел за КАТО-системот: „Одговорност треба да се бара претходно“

by Fokus

Пред собраниската анкетна комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, денес сведочат поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити. Прв свое излагање имаше Филипче, кој рече дека не бил запознаен со КАТО-системот кој со години е неупотребуван на Онкологија.

Филипче нагласи дека за време на неговиот мандат, немало пропусти во работата на Клиниката. За паралелниот увоз на лекови и дали имало увезување на фалсификат лекови, Филипче истакна дека од 2018 година во Македонија се носат лекови со европски сертификат за сите пациенти кои дотогаш ги немало во државата.

„Политичката одговорност треба да се бара претходно, зошто немало лекови, односно имало, ама само за мал број пациенти. Не сум дал иницијатива да се воведе КАТО систем. Ако сум дал предлог, ќе сум го имплементирал. До моментот на моето доаѓање на функција, не сум знаел ништо за Клиниката за онкологија“ рече Филипче.

Рече дека не го оправдува тоа што дел од лековите на Клиниката за онкологија биле набавувани на реверс, но дека тоа е направено за пациентите да не останат без лек.

За ексдиректорот на Онкологија, Нино Васев, рече дека е одличен професионалец, но ако имало сомнеж во неговата работа, тогаш треба да се истражи.

Поврзани новости