И Елтон Џон го напушти твитер

by Fokus

Британскиот музичар Елтон Џон стана најновата позната личност која си замина од Твитер откако социјалната мрежа беше преземена од милијардерот Илон Маск. Пејачот кажа дека си заминува поради промена на политиката на Твитер во врска со дезинформациите, без да елаборира.

Твитер минатиот месец престана да презема мерки против профилите кои шират погрешни информации во врска со ковид-19. Како одговор на објавата на Џон, Маск кажа дека се надева дека ѕвездата ќе се врати на Твитер.

„Целиот мој живот се обидувам да ја користам музиката за да ги приближам луѓето. Но, ме растажува кога гледам како дезинформациите се користат сега за да се подели нашиот свет. Решив веќе да не го користам Твитер, со оглед на нивната неодамнешна промена на политиката која што дозволува дезинформациите да се шират неконтролирано“, твитна Џон.

Пред Џон, од Твитер си заминаа актерите Џим Кери и Вупи Голдберг, супермоделот Џиџи Хадид и музичарот од Вајт Страјпс Џек Вајт, сите со образложение дека си одат поради Маск.

Поврзани новости