641
Министерство за одбрана, во Законот за измени на одбраната кој е следен на расправа во Собрание, реши да ги вклучи и докторите во иднина во НАТО мисиите како резервисти.
Докторите ќе бидат испраќани во НАТО мисии само по нивна иницијатива и со одлука на Министерство за одбрана.
Ова го истакна министерката Радмила Шекеринска на денешниот брифинг со новинарите.
Освен тоа, покрај припадници на армијата, во мисиите ќе учествуваат и членови од Министерството за одбрана, поради подготовки и технички одлуки.
Родовата перспектива е исто вклучена во Законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.
Ј.Ц.