478
ДИК попладнево донесе одлука дека и на дијаспората ќе и биде овозможено да гласа на референдумот за името.
Членот на ДИК, Јанакие Витановски рече дека на референдумот на 30 септември ќе може да гласа и дијаспората во дипломатските претставништва, како што е одредено во деловникот за организирање и одржување на референдумот.
Сепак, мислењата на членовите на ДИК беа поделени. Потпретседателката на Комисијата, Дитмире Шеху, предложи иселениците да дојдат во Македонија и овде да го остварат своето право на глас, поради високите трошоци да се организира гласање во амбасадите.