672
Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за претседател на СДСМ, гласаше на денешните непосредни внатрепартиски избори.
Како што велат од партијата, со непосредните избори поставуваат нови, највисоки стандарди на македонската политичка сцена.
Исто така, правото на глас го искористија и другите двајца кандидати – Димитар Ковачевски и Фросина Ременски, како и се уште актуелниот партиски лидер и премиер Зоран Заев.