И денеска продолжуваат протестите за случајот Онкологија.
Протестот започнува во 18 часот пред Владата и ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде организаторите велат дека ќе побараат одговорност за сите инволвирани во скандалот со Онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од Министерството за здравство како што се претходните министри кои „влијаеле за заташкување на случаевите“.
„Повторно нагласуваме и за тоа дека измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку ние тоа не го дозволиме. Ултиматумот од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата“, велат организаторите.