305
Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.
Нашето подрачје останува под влијание на циклонска активност, па и во текот на утрешниот ден ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 1 до 7°C, а дневната од 7 до 13°C.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Температурата ќе достигне до 13 степени.