И денеска многу топло време, попладне во југоисточните делови можна е нестабилност

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, попладне во југоисточните делови со услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

UV=8

Температурата ќе достигне до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје и во околината сончево и многу топло со мала облачност и слаб југозападен ветер.

Според синоптичарите и в понеделник ќе биде топло со температура до 37 степени, а мало заладување започнува од вторник.

 

Поврзани новости