И денеска метеж на „Богородица“, за излез од земјава се чека околу 30 минути

by Fokus

На граничниот премин „Богородица“ утрово повторно има метеж, а времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.

Според информациите, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости